Германија се наоѓа на средина на листата, а од државите кои се на листата со најголеми плати највеќе се европски.
Порталот Top Men’s magazine објави листа на топ десет држави во кои работниците имаат најголеми плати. Да нема забуни се работи за просечната нето плата, односно делот кој останува по одбивање на сите даноци, придонеси итн.
На прво место се САД со околу 190.000 денари, на второ место се Луксeмбург со околу 180.000 денари, па Норвешка со околу 155.000 денари се наоѓа на третата позиција.
Понатаму следуваат:
4. Швајцарија – околу 154.000 денари
5. Австралија – околу 146.000 денари
6. Германија – околу 144.000 денари
7. Австрија – околу 144.000 денари.
8. Канада – околу 136.000 денари.
Деветото и десетото место им припаѓа на Шведска и Франција со околу 133.000 денари.
ВЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА - ПРОВЕРЕТЕ ГИ НА WWW.MOJAPLATA.MK