Живееме во време кога секоја минута е важна и сите некаде брзаме, па воопшто не е ни чудно што истражувањата покажуваат дека 1 од 5 работници ги јадат своите оброци на своето биро, наместо во кантина, надвор од работа или на било кое посоодветно место.
Иако делува како небитен и неизненадувачки факт, на долг рок ова може да предизвика сериозни последици врз вашите вработени.
Нередовната исхрана или јадењето нездрава, брза храна со сигурност ќе се одрази на нивното здравје, а прејадувањето ќе предизвика умор и поспаност што никако не се добредојдени за време на работа.
Исто така, истражувањата покажуваат дека јадењето заедно со колегите во одредено време помага во креирањето на компаниската култура, позитивно влијае врз тимската работа и продуктивноста на вашите вработени.
Па, како да ги охрабрите да прават паузи за здрав и квалитетен оброк, без притоа да останете 2 часа со празни канцеларии или еден куп заостаната работа?
Решението е тука и е многу едноставно: ОБЕЗБЕДЕТЕ ИМ ОБРОЦИ НА ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ!
Направивме анкета во која ги прашавме посетителите на нашиот сајт „Дали компанијата во која работите ви обезбедува оброк на работното место?“ Во анкетата учествуваа 2.285 корисници и дури 75% од нив се изјаснија дека не добиваат оброци на работното место, а од нивните коментари дознавме каква фрустрација тоа им создава и колку би им значело доколку компанијата се погрижи за нивната исхрана за време на работа.
„Барем еден скромен оброк заслужуваме...“ „ На моето работно место – Касиер, паузата за јадење е 20 минути и уште 5 минути во текот на денот за одење во тоалет. Вода не смееме да пиеме на каса..“ „Работев во ресторан и немаше храна за вработените, иако цел ден работевме со храна...“ - се само дел од коментарите кои ја откриваат реалната слика за условите во кои, за жал, работат најголем дел од работниците во Македонија.
Погледнете ја новата - Доколку ви понудат работа денес, во која компанија би прифатиле без размислување?
Го очекуваме Вашиот одговор на ЛИНКОТ.