Содата е евтина а навистина корисна намирница, не само за здравјето туку и за домаќинството.
Така, ако имате проблем со лоши мириси дома, содата е решението за вас.
Ако ви мириса непријат во вашиот ладилник, ви треба сода. Ставете сода во сад или на крпа и ставете ја во ладилникот, а таа ќе ги впие мирисите.
Истото важи и за пепелниците дома кои шират непријатен мирис, само ставете сода да го неутрализира мирисот на пепел и дим.
Ако ставите сода во патиките, кондурите или штиклите кои лошо мирисаат, мирисот ќе го снема. Доволно е да ставите сода во нив и да ја оставите преку ноќ, па да ја истресете.
извор: press24.mk