Одмор на средината на неделата им овозможува на вработените да одат во теретана, да ги завршат домашните работи, да завршат некоја приватна обврска или едноставно да се одморат.
Додека повеќето нејзини пријатели се на работа, Тифани Шраувен секоја среда е на тениско игралиште. Таа како прокет менаџер во компанијата Versa, како и останатите нејзини колеги, веќе една година средата ја поминува надвор од канцеларија, посветувајќи се на своето хоби.
Тоа е дел од стратегијата на компанијата работната недела да се преполови на два дела, така што вработените ќе работат само четири дена неделно.
Кога Тифани за прв пат слушнала за новата практика, таа била возбудена, но во исто време и загрижена за тоа како ќе се организира околу своите работни задачи. Но, сега, таа вели дека вработените се попродуктивни како резултат на тоа што имаат еден ден повеќе за одмор и семејни обврски.
Сите ние сакаме овој систем да продолжи да функционира. Многу е едноставно – ако сакаме да имаме дополнителен ден за одмор мора да се потрудиме и да дадеме се од себе за да се организираме подобро, вели таа.
Сопственичката на компанијата Кет Блекхем вели дека со новата политика на работа тие започнаа во јули минатата година, а оттогаш, приходите на австралиската компанија се зголемиле за 46 отсто, а профитот тројно.
Одмор на средината на неделата им овозможува на вработените да одат во теретана, да ги завршат домашните работи, да завршат некоја приватна обврска или едноставно да се одморат. Бројот на боледувања е намален, задоволството на вработените е зголемено, а финансиските резултати се одлични.
Вработените се чувствуваат исполнето кога се враќаат на работа по слободниот ден бидејќи се губи чувството на исчекување да помине времето од понеделник до петок за да дојде викендот.
Овој чекор беше поттикнат од една студија која покажува дека вработените се најпродуктивни два и пол часа дневно.