Ако се прашувате што стои на патот до вашето унапредување погледнете ги следниве пет причини.
Обвинувате други
Наместо да ја побарате вината во вас, го одбирате полесниот начин – обвинување на други. Преземете одговорност и тргнете од себе. Штом ќе го прифатите фактот дека само вие сте тие што можете да ја промените ситуацијата нештата за многу кратко време ќе се сменат.
Не барате објаснување од претпоставените
Немате храброст да го прашате шефот зошто не сте унапредени. Едноставно помислата од одговорот ве плаши да разговарате за тоа што ве мачи. Доколку не прашате нема да дознаете, а фрустрацијата ќе биде уште поголема. Затоа уште веднаш побарајте состанок.
Не ја разбирате организациската култура на компанијата
Не изгледате и не се однесувате како да сте дел од компанијата. Иако не е се во изгледот, сепак треба да се потрудите да изгледате професионално и достоинствено. Освен тоа треба малку повеќе да се вклучите во компаниските случувања, заедно со тимот. Само така ќе станете составен дел од организациската култура.
Имате различна визија од онаа на компанијата
Она што вие го сакате не се совпаѓа со плановите на компанијата за вас. Доколку тоа продолжи така и не се реши со скоро време, значи дека унапредувањето треба да го побарате на друго работно место.
Не сте доволно квалификувани
Можеби она што не дозволува да бидете унапредени е немање на одредена вештина или степен на образование. Доколку сакате да се искачите повисоко на корпоративната скала започнете со дополнителни студии или посетување на одредени курсеви. Сепак пред да го направите тој чекор, разговарајте со претпоставените и добро информирајте што точно треба да направите за да добиете повисока позиција.