Печатна грешка била испечатена 46 милиони пати на австралиски банкноти од 50 долари. Медиумите јавиваат дека новата банкнота од 50 австралиски долари стигна до граѓаните со голема печатна грешка во ситните испечатени букви.
Австралиската банка за резерви погрешно го напишале англискиот збор „одговорност“ („responsibilty“ наместо „responsibility“), заборавајќи ја буквата „и“. Околу 46 милиони од овие испечатени банкноти се во употреба во земјата.
Банкнотите биле пуштени во оптек кон крајот на минатата година и на нив се наоѓа ликот на Едит Кован, првата жена член на австралискиот парламент. Над рамото на нејзиниот лик, со многу ситни букви, се напишани редови текст кои се цитати од нејзиниот прв говор во парламентот.
„Голема одговорност е да се биде единствена жена овде и сакам да ја истакнам потребата која постои од тоа и други жени да се најдат овде“, се наведува во текстот кој е повторен неколку пати со ситно испечатени букви. Зборот „одговорност“ во секој од редовите е напишан погрешно. Потребно било шест месеци за некој да го разгледа текстот под лупа и да ја забележи печатната грешка.