Дали ви се верува дека во првиот дел од 2019 година, во Германија останале непополнети некаде околу 1,38 милиони работни места што е некаде за 200,000 повеќе за разлика од истиот период минатата година.
Потрагата за работници во Германија продолжува, а најмногу се бараат оние работници квалификувани со средно образование. Пазарот на трудот во Германија е во малку проблематична положба, потребата на работници може и се очекува да расте.
Според истражувањата кои ги најдовме на интернет, во Германија на 170 вработени доаѓаат 100 непополнети работни места.
Најголема побарувачка е во услужниот сектор, а после нив следуваат градежништвото и здравството.