Помошник во кујна, тоа е човекот кој е всушност поддршка на една кујна во ресторан, кафуле или било каков објект кој служи храна.
Работните задачи на вработениот на оваа позиција обично вклучуваат основна подготовка на храна и чистење на апаратите и приборите за подготовка и сервирање на истата. На пример, доколку работите како Помошник во кујна од вас може да биде побарано да излупите зеленчук, да правите сендвичи или да помогнете во подготовка на некои јадења согласно зададени нормативи (рецептури).
За да бидете добар Помошник во кујна, треба да бидете способни да работите брзо и да ги почитувате зададените стандарди од компанијата, затоа што сепак работите со храна која ќе биде сервирана некому. Баш поради тоа работодавачите бараат кандидати кои поседуваат одговорност и прецизност во работата. Способност за тимска работа е карактеристика која исто така ќе ви биде потребна, затоа што вие ќе бидете десна рака на готвачот и во непосредна врска со персоналот кој ја служи храната.
Иако од вас нема да се очекува да знаете како точно да работите, секое искуство во слична улога сигурно ќе ви помогне. Во зависност од големината на кујната, најчесто на помали работни места, може да бидете одговорни за чистење на садовите и опремата за кујна.
Ако сте амбициозни и сакате да ја искористите оваа улога како отскочна штица кон кариера како готвач, секоја задача што ќе ја направите во кујната е одличен начин да му покажете на главниот готвач или на другите готвачи што се можете да направите. Ова е исто така совршена работна позиција за вас ако немате професионални квалификации. Ќе има многу што да научите и воопшто не треба да се плашите од напорна работа или чистење! Способноста да ги слушате и применувате упатствата, да сте флексибилни, лојални и иницијативни со сигурност ќе ве направат добар кандидат.