Генералниот директор, Боријан Борозанов им се обрати на студентите за добредојде и ги охрабри да аплицираат за практикантска работа и стипендијата Peter Grossmann во компанијатa
Во вторник на 21.05.2019 во просториите на АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА, беше организиран овогодинешниот “Отворен ден” за студенти. На настанот присуствуваа студенти од Факултетот за Електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет од Скопје.
Генералниот директор, Боријан Борозанов им се обрати на студентите за добредојде и ги охрабри да аплицираат за практикантска работа и стипендијата Peter Grossmann во компанијатa, како и за можноста за изработка на дипломски труд.
За време на посетата, студентите се запознаа со производствениот процес и директно разговараа со инженерскиот тим за софистицираноста на продуктите.
Имаа прилика да се вклучат во дел од активностите на нашите колеги и да почувствуваат како е да се биде дел од тимот.
На тој начин им овозможивме на студентите да бидат чекор поблиску во одлуката за идна пракса или работно место во нашата компанија.
АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА и понатаму останува отворен за млади иновативни луѓе кои сакаат да учат нови работи и да дадат свој придонес на комапнијата и инженерскиот тим. Продолжуваме да стипендираме и да овозможуваме практична работа за надежните и креативни студенти од нашата земја.