Ќе се воведат 10 нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“.
Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Северна Македонија.
Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците.
Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.
Се предлага неработени да бидат 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.
– 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.
– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.
– 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.
– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.
– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.
– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.
– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.
– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.
Предлогот за измени на Законот за празниците веќе е доставен до Собранието, а на него се потпишани пратеници од сите пратенички групи.