Корисно е самите да си правите маникир, како полесно би ги забележале промените на вашите нокти кои можат да бидат најава за некаква болест или некаков здравствен проблем.
Жолти нокти. Иако ноктите може да пожолтат од црвениот лак, тоа може и да се случи природно. Во тој случај тоа значи дека имате некаква габична инфекција. Во ретки случаи жолтите нокти укажуваат на болести на тироидната жлезда, белите дробови, дијабетес и псоријаза.
Синкави нокти. Кога ноктите ќе добијат синкаста боја обично е знак дека телото не добива доволно кислород. Кога тоа се случува со ноктите и имате проблем постојано да ви бидат рацете ладни, тоа може да укаже на некаква шеќерна болест.
Темни линии под ноктите. Доколку забележите темна линија под ноктите, итно јавете се на лекар, бидејќи тоа сигнализира меланом, најопасниот тип на рак на кожата.
Црвенило и надуеност на кожата околу ноктот. Оваа појава може да биде како резултат од некаков лак за нокти кои ја иритира кожата. Но, доколку се појави такво нешто, а не сте користеле лак, може да станува збор за воспаление на коренот на ноктот поради лупус или друга болест.
Кршливи нокти. Кршливите нокти се најчесто последица од недостаток на витамини. Но, исто така тие може да јавуваат некаков проблем со тироидната жлезда. Доколку вашите нокти се кршат од половината надолу, тоа може да укаже на срцев удар или пневмонија.