Според податоците на Eurostat, просечната стапка на компензација на вработените во Европската унија, во поглед на заработката, плата и социјални придонеси кои ги плаќа работодавачот се движат од 44 евра во околината на Брисел и Луксембург до помалку од четири евра во три региони во Бугарија.
Просечната саатница во ЕУ во 2016 година изнесуваше 22.8 евра.
Саатниците се најчесто најголеми во околината на главните градови. Но, постојат исклучоци за Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.
Саатници по држави: Франција 32.8, Грција 11.2, Шведска 28.8, Финска 30, Португалија11, Унгарија 6.9, Словачка 9.6, Германија 31.3, Австрија 29.3 и Италија 22.7.
Просечната саатница во Словенија изнесува 16,1 евра, а во Хрватска 8,6 евра. Највисока просечна саатница е во Данска 38,9 евра, и во Белгија, каде што за час работа плаќаат 38 евра. На дното на листата се наоѓаат Бугарија со 4,7 и Романија со 5,1 евро на час. Во средината на рангирањето се Р. Ирска со 28,3, Шпанија со 19,4.
На дното на листата се наоѓаат Бугарија со 4.7 и Романија со 5.1 евро на час. Во средината на листата е Ирска со 28.3 и Шпанија со 19.4 евра.
Барате работа во странство?