Авиокомпанијата Тај Ервејз му наплатила дополнителен износ на еден патник од многу необична причина.
Службеничката на неименуваниот патник во текот на пријавата му наплатила дополнителен паричен надомест откако воочила дека името кое било впишано на авиобилетот не е идентично со она во пасошот, пренесува Бангкок Пост.
Патникот објаснил дека постои многу добра причина за тоа. Имено, презимето му било предолго и било невозможно да се впише во интернет образецот на авиокомпанијата поради ограничениот простор за букви.
Од Тај Ервејз известиле дека преземаат соодветни мерки со цел ваквата ситуација да не се повтори.
“Се извинуваме поради непријатноста. Образецот кој патниците го пополнуваат по пат на интернет нуди 25 места за букви во категоријата за име и во категоријата за презиме”, напишал Виват Пијавирој, потпретседател на Тај Ервејз на Фејсбук страната на компанијата.
supermen.tocka.com.mk