
Управата за јавни приходи продава движни и недвижни предмети запленети по основ на ненаплатени даночни долгови на јавна аукција. На аукцијата може да учествуваат лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, најдоцна до 21.06.2019 година (петок).
На распродажбата се нудат автомобили како Ауди за 53 200 денари и комбе Мерцедес за 76 000. На аукцијата ќе се наддава и за земјоделски земјишта, телевизори, штампачи, ТВ предаватели, па дури и машина ЦНЦ за обработка на дрво, пластика и лесни метали.
Стварите се продаваат по систем видено-купено, а дополнителни рекламации нема да се примаат.
Целата листа на предмети можете да ја погледнете на официјалната веб страница на УЈП.