Бидете дел од настанот „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ВО ВАШАТА ОПШТИНА – КроШу РАБОТИЛНИЦА”
- Заинтересирани сте за работа во компанијата што вработува повеќе од 6.500 вработени од различни општини, но скептични сте за веродостојноста на информациите што секојдневно ги добивате од вашето опкружување;
- Причината поради која досега не сте аплицирале за работната позиција: оператор во производство е потребата „практично” да се запознаете со процесот на составување кабелски сноп;
- Подготвени сте за предизвици и поседувате натпреварувачки дух.
Ако одговорот на горенаведените прашања е позитивен, тогаш ги покануваме жителите од општина Прилеп и околните рурални средини да бидат дел од настанот:
„КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ ВО ВАШАТА ОПШТИНА – КроШу РАБОТИЛНИЦА”
Основна цел на организација на настанот е практично, во импровизирани услови да ви го приближиме нашето секојдневие. Исто така сакаме да:
- ја тестираме вашата подготвеност за предизвици;
- го разбудиме вашиот натпреварувачкиот дух;
- ве наградиме за вложениот труд
Место на одржување на КроШу настан: Плоштад „Методија Андонов Ченто”;
Датум и час на одржување на КроШу настан: 19.06.2019, започнуваме во 18:00, па натаму;
Право на учество имаат сите полнолетни граѓани;
Правилата ќе ги креираме со меѓусебен договор
По завршувањето на настанот сите заинтересирани ќе можат да пополнат апликација за вработување во нашата компанија и ќе бидат потенцијални кандидати на нашето големо КроШу семејство.
Ве очекуваме!