Зградата на Кремљскиот сенат се користи и како приватна резиденција и како канцеларија на рускиот претседател. Собата во која се донесуваат главните одлуки е покажана многу пати, но релативно малку луѓе знаеја како се стигнува до неа - сè до денес, кога беше прикажан целиот пат од канцеларијата до главниот влез, објави Фактор.мк
Ходниците во зградата, заедно со црвените килими, белите сенки на прозорците, светкавите декорации и многуте слики на ѕидовите - беа прикажани како дел од инаугурацијата на Владимир Путин.
Централниот дел од церемонијата за инагурација се одржа во салата Андреевски во Големата палата на Кремљ. Кабинетот на претседателот се наоѓа на мала оддалеченост, во друга зграда.
Путин во март е реизбран за нов мандат, беше прикажан како шета од собата, па по ходниците, пред да се качи во долго зборуваниот, ганц нов државен автомобил.