Дру Волеро – досегашен извршнен финансиски директор на Snap ќе ја напушти компанијата на 15 мај според документите доставени до Комисијата за хартии од вредност на САД.
На негово место ќе дојде Тим Стоун, досегашен заменик директор за финансии во Амазон. Стоун ќе ја започне својата кариера во Snap на 16-ти мај и директно ќе одговара пред извршниот директор на компанијата – Еван Шпигел.
Валеро беше дел од Snap цели три години и ќе биде запаметен по тоа што успешно го спроведе првата иницијална јавна понуда на акции (IPO) минатата година кога компанијата продаде акции во вредност од 200 милиони долари по цена од 17 долари.
Како две главни причини за неговата замена се падот на цената на акцииите за 17 проценти и потврлувањето во поглед на планираните приходи.
Тој ќе остане како советник во следните три месеци со цел полесно надминување на транзициониот период.