Македонијатурист како организација од областа на угостителството и туризмот е основана во април 1963 г. со интеграција на три постојни хотелски организации во Скопје. Овој тип на здружување овозможи созадавање на крупна и еминентна хотелско-угостителска организација која опфаќаше преку 70% од вкупниот капацитет за сместување на туристи во градот.
Во 1990 г. ХУП Македонијатурист се трансформира и организира како Акционерско друштво, а во 1995 г. е одржано и конститутивното собрание на акционерите, според остварената доприватизација и избрани се раководните органи. Од 1995 г. година до денес, Македонијатурист работи успешно како акционерско друштво, располагајќи со девет (9) профитни центри и вработувајќи преку 300 професионалци во својата област.
Македонијатурист има потреба од кандидати за работа на следните позиции:
Координатор за маркетинг и продажба во хотел