Луксузно одморалиште на Малдивите е во потрага по лице кое ќе се грижи за желки. На прв поглед тоа може да изгледа како работа од соништата, но има една маана... не се плаќа и трае само две недели.
“Inturtleship“, како што го нарекуваат таму, ќе се одвива во луксузното одморачиште “Coco Palm Dhuni Kolhu“ каде е сместен Центарот за спасување на морски желки.
Од кандидатите се бара секојдневно да ги вршат овие работи: хранење на желки, чистење на аквариуми, надгледување на операции и медицински процедури, учество во спасување на желки, помош при враќање на желка во океанот, разговарање со посетителите во центарот, учествување на сите презентации во центарот и објавување на информации и фотографии на социјалните мрежи.
Во текот на својот престој таму, кандидатите ќе бидат сместени во “прекрасна вила за гости и ќе има полн пансион во ресторанот“.
Во понудата е вклучена и авионската карта, а кандидатите ги очекуваат и некои други бенефиции. Друга предност е што од кандидатите не се бара никакво претходно искуство.
Практикантската работа е отворена за сите кандидати од која било земја, под услов тие да се постари од 18 години.