Повеќе од половина од кандидатите кои доаѓаат на интервју за работа не преговараат за повисока плата, иако износот што компанијата го нуди може да се зголеми до 25 проценти.
Уште помалку се преговара за дополнителни бенефиции, пишува Business Review, повикувајќи се на едно ново истражување на BestJobs.
Речиси една четвртина од работодавците велат дека помалку од 10 проценти од испитаниците преговараат за платата што тие ќе им ја понудат, додека пак речиси 40 проценти од нив велат дека тоа го прават помеѓу 10% и 50% од испитаниците. Само еден од десет работодавци вели дека процентот на кандидати кои преговараат за плата е помеѓу 75 и 100 проценти.
Сепак, нешто повеќе од 60 проценти од работодавците велат дека понудениот износ може да се зголеми до 25 проценти, а за еден од десет работодавци кандидатот може да предложи и сума над 25 проценти. Три од десет работодавци велат дека не постои маргина за преговори.
Мажите преговараат повеќе од жените
Во принцип, поголемиот број од кандидатите кои сакаат да преговараат за својата плата се мажи (46%), додека помалку од една третина се жени.
Истражувањето е спроведено помеѓу 3 и 21 јуни 2019 година на примерок од 210 компании и 1.100 интернет корисници.
Бидете подготвени за преговорите за плата