Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрен восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека
ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
ги објавува следните слободни работни места:
1. Оддел: ПЦ Фармација – Контрола на квалитет Фармација
Позиција: Оператор за изведба на анализи / Аналитичар
Број на извршители: 10 (десет)
2. Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој
Позиција: Помошник-истражувач/истражувач во Аналитички развој
Број на извршители: 5 (петмина)
3. Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој
Позиција: Помошник-истражувач/истражувач во Технолошки развој
Број на извршители: 5 (петмина)
4. Оддел: ПЦ Фармација – Истражување и развој
Позиција: Инженер за одржување на опремата
Број на извршители: 1 (еден)
5. Оддел: ОЕ Корпоративни служби – Логистика – Енергетски менаџмент
Позиција: специјалист за автоматизација, електроенергетски системи, енергетска контрола и за обновливи извори на енергија
Број на извршители: 1 (еден)
Заинтересирани сте?