Jan De Rijk Холандија е водечки европски оператор за логистички услуги. Ние работиме со модерна флота од над 1000 возила и имаме разни специјализирани магацини. Нашата компанија нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи интермодални решенија, меѓународен транспорт, договорна логистика, дистрибуција на мало, контејнерски транспорт, температурно контролиран транспорт, логистика на настани и препраќање на товар.
Компанијата Jan De Rijk Бугарија, компанија-ќерка на Jan De Rijk Холандија, водечка европска компанија во областа на логистиката, нуди работа за меѓународни air cargo возачи (воздушен транспорт) од најголемите аеродроми во Западна Европа. Во годината 2019 планираме да купиме 45 нови DAF XF 106 Super Space Cab камиони за да ја реновираме и прошириме флотата.
за таа цел објавуваме оглас за позицијата
МЕЃУНАРОДНИ ВОЗАЧИ - AIR CARGO ТРАНСПОРТ
Плаќање:
• Почетна плата - гарантиран месечен минимум од 2050 евра (нето), без горен лимит за плата
• Плаќање по втората (2) година - гарантиран месечен минимум од 2150 евра (нето), без горен лимит за плата
• Дополнително исплаќање на платен годишен одмор
• За кандидати со докажано долгогодишно искуство, почетна плата по договор
• Дополнителни исплати доколку е извозена поголема километража од минимумот
• Исплата на месечната плата на 15-тиот ден од месецот - без никакви задржувања
Дополнителни бонуси:
• Бонус од 50 до 100 евра месечно за економично возење
• Бонус за физички истовар или утовар на дополнителни приколки - 25 евра по приколка
• Годишен бонус за работно време поминато во компанијата
• Oсигурување на сметка на работодавецот
Барања за кандидати:
• Возачка дозвола CЕ категорија
• Минимално едно (1) годишно искуство како меѓународен возач на тешки товарни возила после 2009-та година во Европа
• Одговорност и правилен однос кон работата
• Лицата мора да имаат ЕУ/БГ документи