Едно парче лубеница е еквивалентно на една чаша вода.
Ако изедете две парчиња лубеница, односно 380 грама, тогаш сметајте дека сте испиле две чаши вода.
Со други зборови, овошјето и зеленчукот, но и многу други видови на храна содржат вода која што може да се вкалкулира во препорачаниот дневен внес.
Овошјето и зеленчукот ги нудат неопходните електролити, како калиум и натриум кои се губат со потење. Токму затоа дневниот внес на вода зависи и од вашата исхрана.
На пример, ако јадете поголеми количества на салати и овошје во однос на различен вид на храна базирана на месо, нема да морате толку многу да внесувате вода на конвенционален начин.
Погледнете од колку проценти вода се направени некои од најпопуларните намирници:
Тиквици 97,8%
Краставици 96,4%
Диња 94,2%
Лубеница 94%
Домат 93,4%
Млеко 87,6%
Кајсии 86,6%
Праски 86,2%
Зелена салата 84,5%
Домати 81,8%
Боранија 80,5%
Грозје 79,3%
Јајца 74,8%
Маслинки 68%
Пилешко 63,4%
Риба 60-65%
Говедско 55%
Леб 30-33%