Постојат многу видови на храна кои под одредени услови можат да бидат причина за главоболка.
Ако сте и вие меѓу оние кои често или барем понекогаш ги мачи мигрена сигурно ќе ве заинтересираат податоците на најновите истражувања.
Општо земено, најнегативно влијаат:
Сирења – кои долго стојат и други намирници кои содржат тирамин: црвено вино и други алкохолни пијалоци, месни производи и друго.
Алкохол – протокот на крв во мозокот се зголемува додека пиете алкохол и тоа може да биде ,,активатор” за почеток на главоболка. Значи – црвено вино, пиво, виски и шампањ се, според експертите, најчести почетници на оваа досадна болест.
Додатоци во исхраната – разни адитиви. Адитивите на намирниците обезбедуваат подолга трајност и стабилност. Тие, сепак, можат да бидат причина за главоболки.
Ладни намирници – можеби не сте знаеле дека на некои луѓе ладната храна влијае неповолно, предизвикувајќи им главоболки.
Голема е веројатноста дека тоа ќе се случи ако вашето тело е веќе загреано, на пример со физичка активност или со надворешни високи температури. Болката тогаш се јавува во горната половина од главата и трае од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 проценти од луѓето кои страдаат од хронична мигрена имаат чувствителност кон сладолед и други студени супстанци.
Останати намирници кои предизвикуваат главоболка:
- кикирики, путер од кикирики, ореви
- пица
- чипс
- пилешки црн дроб
- пушена риба
- домашни крофни, колачи и леб
- десерти кои содржат сирење
- суво овошје
- супа со месни адитиви
- јогурт
- кофеин кој го има во чоколадо, какао, кафе, чај
- вештачки засладувачи