Листата се однесува на вкупен долг:
-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
-повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.7/2019 објавени се 1.924 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 1.882 физички лица (помалку за 642 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.7/2019 изнесува 8.684.577.660 денари, помалку за 260.639.595 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.537.537.637 денари (помалку за 261.243.887 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари (повеќе за 604.292 денари од претходната листа).
Целосната листа на дожници можете да ја погледнете тука.


