Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Можни се бројни конфликти на работа. Обидете се да делувате пријателски и да дадете се од себе со цел да ја смирите ситуацијата.
ЉУБОВ: Не ги покажувате своите емоции отворено. Мистични сте, а тоа може да ви создаде проблеми со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Уморни и исцрпени.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Лицата родени во знакот на Вага или Јарец ќе имаат потреба од ваша помош. Не се однесувајте ладно, помогнете им.
ЉУБОВ: Конечно покажувате емоции кон партнерот. Поради тоа ве очекува убава и романтична недела.
ЗДРАВЈЕ: Размислете да започнете со јога.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Послушајте што ви зборуваат другите, но не дозволувајте да донесуваат одлуки наместо вас. Размислете, сигурно ќе успеете да донесете одлука сами.
ЉУБОВ: Зафатените Близнаци ќе посакаат да излезат од врска. Слободните ќе запознаат многу интересна личност.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Ова е одлична недела за преговори со странство. Успехот е загарантиран.
ЉУБОВ: Можно е да стапите во тајна врска со една Девица. Доколку сте во врска, размислете пред да направите глупост.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Креативни сте, иновативни и интуитивни. Искористете ги сите особини за постигнување на значаен деловен успех.
ЉУБОВ: Доколку во ваша близина имате личност родена во знакот на Близнаци, размислите за продлабочување на односот со тоа лице.
ЗДРАВЈЕ: Стрес и напнатост.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Ова е поволна недела за барање на работа, бидејки планетите покажуваат дека сигурно ќе се вработите.
ЉУБОВ: Ве очекуваат интересни авантури со личност која ќе ја запознаете на работа или во некоја образовна установа.
ЗДРАВЈЕ: Започнете да се занимавате со некој спорт.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: На деловен план се е во најдобар ред. Очекувате преговори во врска со големи заработки.
ЉУБОВ: Поради премногу обврски на работа нема да можете да му се посветите на љубовниот живот.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со очите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Доколку нешто не ви е јасно, побарајте совет од некоја Вага.
ЉУБОВ: Потребна ви е љубов и страст. Немојте само да седите, направете нешто за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Би сакале да ги решите сите свои проблеми преку ноќ. Тоа е невозможно, па затоа не се нервирајте.
ЉУБОВ: Венера и Сонцето се во голем пораст. Голем пресврт во љубовниот живот.
ЗДРАВЈЕ: Неопходно е да ја поправите исхраната.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Доколку продолжите да трошите со ова темпо, ве очекуваат големи финансиски проблеми.
ЉУБОВ: Во вашиот живот ќе влезе некој друг Јарец, ве очекува врска полна со љубов и емоции.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителна кожа.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Можна е повреда на работа. Бидете повеќе внимателни.
ЉУБОВ: Се сомневате во саканото лице, но без причина. Партнерот ќе направи се за да ве задоволи.
ЗДРАВЈЕ: Одмарајте повеќе.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Без причина се плашите поради финансиите. Оваа недела ќе заработите повеќе.
ЉУБОВ: Ладни сте и нестраствени. Не ги покажувате своите емоции, а тоа му пречи на партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен стомак.