Епл и Самсунг имаат застрашувачка историја во фабриките низ Кина. Магацинските работници на Амазон многу често се онесвестуваат бидејќи условите за работа се ужасни, тие не успеваат да јадат, а камоли да одат во тоалет.
И Елон Маск е многу често во центарот на вниманието поради неговите импозантни идеи и она што тој го остава зад себе. Меѓутоа, зад успехот на Тесла стојат илјадници работници кои немаат баш најдобри работни услови.
Всушност, според британски Гардијан, нивните услови се катастрофални па по којзнае кој пат сме сведоци на ситуација каде што милијардерите, како и војската од потрошувачи на нивните производи, на страна ги оставаат оние кои не би требале.
Ако го земеме за пример работењето на Apple во Кина, пред нас е една застрашувачка историја на тоа што им се случуваше на работниците во тие фабрики. Истото го правеше и Самсунг, а не покус остана и Амазон каде што работниците во магацин немаат време ниту да јадат, а камоли да одат во тоалет. Листата не се сведува само на овие три компании. На неа се најде и Тесла како “компанија на иднината“.
За среќа, идната работна сила е многу пообразувана и има повеќе избори, па затоа не зависи од само една компанија. Навистина е така бидејќи кога се чувствуваат тероризирано, овие работници реагираат, како што е случајот со Тесла.
Токму затоа Елон Маск, но и комплетниот врв на компанија, се повеќе се соочуваат со тужби поради неоправдано отпуштање од работа, повреда на правата на работниците, полово вознемирување на работното место или расна дискриминација.
Многу актуелни и поранешни работници тврдат дека се санкционирани поради користење на боледување или породилно отстуство, а неретко поради тоа добиваат и отказ.
За тоа просведочи јавно и Девон Бекер која во февруари 2018 година работела во фабриката на Тесла во Невада. За многу кратко време таа го добила првото унапредување, но во јули таа забременила и побарала породилно отсуство кое и било одобрено за во декември, пред Божиќ, да и биде врачен отказ.
Во Невада, работодавачот не е должен да даде причина за раскинување на договорот, рече Девон и со нејзината реакција ги поттикна и другите жртви како Џенифер Перси од Лас Вегас да проговорат во јавноста: Во 22-рата недела од бременоста и со уште четири други девојчиња останав без работа.
Дека Тесла без објаснување и милост ги “отстранува“ работниците и ги третира како статистичка бројка потврдува и случајот за брачниот пар Меги и Карлос Аранда.
Добив дозвола од мојот претпоставен да употребам телефон на работното место за да се слушнам со мојот болен сопруг, а после два часа истиот претпоставен ми кажа дека заминувам дома бидејќи покрената е истрага за прекршување на правилото за користење на мобилни телефони во текот на работното време. Ми беше врачен отказ, а после некое време, отказ доби и мојот сопруг. Ние сме моментално без покрив над главата и страдам од повредите што ги добив на работното место, раскажува Меги за своето искуство во фабриката.
Од компанијата потврдија дека таа била отпуштена поради употреба на мобилен телефон и дека нејзиниот сопруг бил отпуштен поради порака на социјалната мрежа Твитер која ги прекршила правилата на компанијата.