Честите повреди на граѓаните на работното место е потврда дека не се почитуваат пропишаните правила за заштита при работа. Истражувањето на експертите од областа на трудовото право покажало дека законите на хартија се добри, но не се применуваат во пракса.
Честите повреди на граѓаните на работното место е потврда дека не се почитуваат пропишаните правила за заштита при работа. Истражувањето на експертите од областа на трудовото право покажало дека законите на хартија се добри, но не се применуваат во пракса.
Вината за несаканите последици е подеднаква и кај работодавачите, но и кај работниците. Забелешки за оваа проблематика освен од домашните експерти нотирано е и кај странските институции. Подобрување на состојбите е можно само со колективни договори.
„Колективниот договор иако има назив договор тој со својата правна сила кога ќе се случи има сила на закон. Затоа е многу битен, многу важен правен инструмент каде што од една страна работниците, од друга страна работодавачите може да ги уредат прашањата коишто ги засегаат…“, вели Лазар Јовевски, универзитетски професор во изјавата за alsat-m.
Податоците од истражувањето кое е направено за 2018-та година покажало дека на работното место се повредиле 124 работници, а дури 33 го загубиле животот извршувајќи работни задачи.
„Потребно е да се работи многу повеќе на терен. Потребно е да се работи на едукација и на работникот и на работодавачот и да се укажува на тоа дека заштитата и безбедноста при работа е исклучително важен процес кој што бара една синергија, односно заедничко работење, како на страната на работникот, така и на страната на работодавачот“, вели адвокатот Владимир Брангиевски.
Најмногу загинати работници се регистрирани во индустријата, земјоделството, а потоа следуваат несреќите на вработените во градежништвото, транспортот и црната металургија.