Оливер Зипсе е познат по својат бескомпромисен начин на одлучување, а неговата должност е да ја врати круната за најпродаван лускузен бренд.
Бесконфликтниот начин на управување со компанијата очигледно не е стил кој го преферира БМВ, секако, доколку судиме по веста за разрешувањето на актуелниот претседател на Управниот одбор на чиешто место доаѓа човек кој е познат по својата “цврста рака“ и бескомпромисен начин на донесување одлуки.
Нов замав
Луксузниот германски бренд на крајот на минатата недела го именуваше Оливер Зипсе (55) за нов извршен директор, истакнувајќи ги неговите квалитети во донесувањето на одлуки.
Оливер Зипсе ќе му даде на БМВ нов замав во обликувањето на мобилноста во иднината, изјави Норберт Рејтофер, претседател на Надзорниот одбор на БМВ.
За Зипсе, кој ја презема должноста на 16 август, слободно може да се каже дека е “дете на БМВ“. Тој станал дел од компанијата во 1991 година, а искачувајќи се по хиерархиската скала бил назначен за директор на фабриката на БМВ во Оксфорд.
Од таа позиција, тој влегува во Управниот одбор како член задолжен за производство. Производната мрежа на БМВ беше неверојатно ефикасна, со оглед на тоа што компанијата има најголема маржа во автомобилската индустрија од над 7 проценти и покрај релативно малиот број на продадени автомобили (605.000). Ова достигнување го направи Зипсе фаворит за преземање на водечката позиција.
Досегашниот извршен директор Хералд Кругер е главниот “виновник“ во очите на Надзорниот одбор поради тоа што во 2016 му ја препушти титутала за водечки производител на луксузни автомобили на Мерцедес. Исто така, компанијата доцни во сегментот на електрични автомобили.
Имено, БМВ првично имаше предност пред другите производители во луксузниот електричен сегмент, но откако (пре)скапиот градски модел i3 беше пуштен во продажба, “електричните амбиции“ на БМВ некако како да спласнаа.
Преголем автократ
Хералд Кругер се одликуваше со стил на лидерство базирано на конзензус, што на почетокот му одеше во прилог и на Норберт Рејтофер. Сепак, Ројтерс дознава дека Рејтофер побарал од Кругер компанијата поагресивно да настапи на пазарот за електрични автомобили што резултираше со ревидирањето на стратегијата на БМВ пред три години.
Сепак, неподготвеноста на Кругер да направи посилен влез во електро сегментот кој има пониска маржа резултираше со заминување на голем број талентирани експерти за електрични автомобили.