Минатата година, британсата кралицата Елизабета II потрошила околу 47.4 милиони фунти за кралскиот персонал, одржување на домаќинството, патувања и останати работи.
Самата популарност на кралското семејство е доволна за државата и благородништвото да заработуваат добри пари.
Во 2017 година, пресметано е дека придонесот на кралското семејство врз економијата на Велика Британија бил 1.8 милијарди фунти, вклучувајќи 550 милиони фунти само од туризам.
Но, кралското домаќинство е скапо за одржување, а кралицата Елизабета II не штеди.
Еден од главните извори на приход на кралското семејство се владините средства или т.н. Sovereign Grant.
Имено, државата ги финансира службените должности на кралицата, а тоа вклучува трошоци за патувања, забави и одржување на палатата.
Грантот претставува јавен расход, иако не секој даночен обврзник одделува дел за тоа.
Тој е финансиран со профитот од недвижности и финансиски портфолија во вредност од 13 милијарди долари.
Но сепак, кралското семејство не ги задржува сите профити од тој приход затоа што тој износ прво се слева во државната каса која потоа му плаќа на кралското семејство преку Sovereign Grant.
Во следната деценија, кралицата ќе добива 25% од профитот кој го остварува кралскиот имот секоја година, што претставува зголемување од 15% на износот што претходно го добивала и истиот ќе изнесува околу 82 милиони фунти.
Најголемиот дел од тие пари ќе се потрошат за обнова на Бакингемската палата.
Ако овие пари се прераспределат на 66 милиони Британци, тоа би значело дека кралското семејство го чини секој жител на Велика Британија нешто повеќе од една фунта.
Ова не се сите пари што кралицата ги прима и ги прави – не е воопшто лесно да се открие нејзиното богатство бидејќи таа не е обврзана да ги открива своите приватни сметки.
Според една неодамнешна процена, таа вреди околу 370 милиони фунти, а тоа се околу половина милијарди американски долари.