Ако сте меѓу оние кои се чувствуваат обесхрабрени секој пат кога ќе се осврнат на својот напредок или финансиска состојба, тогаш советите на милијардерот Џек Ма може да ви бидат од корист
Не мора да го послушате баш секој совет, но можеби некоја од овие животни лекции ќе ви се допадне и ќе се одлучите да ја испробате.
- Барајте ја својата можност далеку и широко – разгледајте ги сите можности, а во потрагата по потенцијална можност погледнете под секој камен и на секој агол;
- Третирајте ја секоја можност како отворена врата – ниту една шанса не е премала;
- Барајте разбирање – не само во вашата моментална состојба, туку и таму каде што се стремите да бидете еден ден. Размислете внимателно за тоа што треба да направите за да стигнете до таму каде што сакате да бидете;
- Дејствувајте брзо – кога ќе се појави можност – зграпчете ја;
- Погледнете подалеку од вашите сопствени околности – храброста и смелоста се поважни за успех отколку, на пример, местото каде што сте пораснале;
- Канализирајте ги амбициите – фокусирајте се на вашата цел и движете се кон неа;
- Бидете храбри;
- Искористете ги можностите во младоста;
- Обединете го вашиот тим (ако имате таков) на патот кон заедничката цел – обединете ги сите да застанат позади една заедничка идеја или мисија и искористете ја нивната помош;
- Направете се заменливи – негувајте ги идеите, вештините и пристапот во кој верувате кај луѓето на кои им верувате. Еден ден некој ќе треба да ве замени, а нивното лидерство ќе обезбеди континуиран успех на вашата мисија или идеја;
- Вработете луѓе кои имаат подобри технички вештини од вас – вработените секогаш треба да бидат технички експерти;
- Предводете со визија, упорност и борба – ова се вештините кои се од суштинско значење за успехот на секој бизнис. Лидерот мора да биде визионер и да види можност каде другите не го гледаат тоа;
- Бидете истрајни – дури и во тешки времиња, не се откажувајте од вашата визија;
- Ставот е поважен од способноста – какви и да се времињата, успешните лидери остануваат мирни и сигурни во својата мисија;
- Здравиот разум во носењето на одлуки е поважен од способноста – најуспешните лидери не се секогаш најпаметни и најквалификувани на хартија. Сепак, тие се опкружени со експерти на кои им се обраќаат секогаш кога им треба помош;
- Парите и политичката моќ не можат постојано заедно – кога постојат и двете, ќе се случи “експлозија“. Ако ве интересираат и двете работи, ќе направите голема грешка ако ги бркате во исто време;
- Отпорноста може да се реализира само со минување низ тешкотии – интелектуалното разбирање на овој термин не значи ништо. Само после вистинско реално искуство, индивидуата може да се смета за отпорна;
- Вашата работа е да бидете поинтензивни, вредни и поамбициозни од другите;
- Натпреварувајте се со достоинството – ако ги третирате конкурентите како непријатели и тие ќе ве гледаат како непријатели. Наместо тоа, почитувајте ја конкуренцијата и учете од неа;
- Сите конкуренти сфатете ги сериозно – на конкуренцијата гледајте со почитување бидејќи сите имаат еднакви шанси за успех и токму тоа што го потценувате на крајот може да ве победи;
- Изедначете се со оние со кои се натпреварувате – секоја голема работа има помал почеток и секој заслужува “место на масата“;
- Победниците не се жалат – постојаното жалење е знак за неуспех. Самата работа носи свои предизвици, а начинот на кој се справувате со тие предизвици е многу важен за да успеете;
- На прво место се клиентите, на второ е вработениот, а на трето се акционерите – како лидер имате ограничено количество на време и енергија. Насочете ги кон оние кои го прават вашиот бизнис возможен – кон вашите клиенти;
- Заборавете ги парите – не започнавте бизнис само за пари. Ако се фокусирате на парите, ќе донесувате одлуки различни од оние што ќе ги донесете доколку се фокусирате на патувањето. Одете по патот што сте го поставиле на почетокот – пат кој подразбира вредна работа и амбициозност, а парите несомнено ќе дојдат со текот на времето;
- Најдете ги вистинските луѓе, не мора најдобрите и најголемите – најголемите на хартија не мора да значи дека најдобро ќе одговараат на вашата култура и стил. Пронајдете ги вистинските луѓе и нивните вештини секогаш може да се развиваат исто како и вашите;
- “Бесплатно“ е многу скап збор – кога ќе дадете нешто бесплатно, давате профит и човечки ресурси потрошени за развој. Пред да одлучите за овој вид на промоција, размислете внимателно затоа што во светот на бизнисот ништо не е бесплатно;
- Паметен човек не зборува со јазик, туку со мозок – вклучете го умот и користете го вашиот интелект;
- Мудар човек го користи своето срце – верувајте во интуиција;
- Родени сме да уживаме во животот, а не да го трошиме работејќи – смислата на животот не е само работа, работа и работа. Фокусот треба да биде и на уживањето, не само во бизнисот, туку и со луѓето околу вас;
- Откажувањето е најголемиот неуспех – никогаш нема да дознаете што се можете да постигнете доколку не се обидете. Прилагодете ги своите идеи, променете ја стратегијата доколку е потребно, но никогаш не се откажувајте.