Пред голем број претставници од македонските и странските компании тимот на Vrabotuvanje.com ги претстави новитетите кои новата платформа на www.vrabotuvanje.com.mk им ги овозможува на работодавачите.
Централна точка на настанот кој се одржа во Јавна Соба беше Hercul.
Свесни сме за тежината и динамиката на целокупниот процес на регрутација на нови вработени. Од таа причина, ние како компанија решивме да вложиме во еден ултра модерен и функционален софтвер како што е Hercul кој ќе им овозможи на компаниите да заштедат време и напор во целокупниот процес на регрутација, од објава на оглас до финална понуда за вработување – беа воведните зборови на Дарко Велков – директорот на Vrabotuvanje.com
Со помош на оваа алатка, компаниите ќе можат брзо, лесно и едноставно да објавуваат огласи, да го следат бројот на прегледи и апликации, да ги оценуваат кандидатите, виртуелно да креираат кругови на селекција, да испраќаат автоматски пораки до кандидатите и многу други напредни опции.
Се потсетивме на големата HR конференција која минатата година се случуваше на 31-мај и 1-ви јуни во хотелот Александар Палас во Скопје пред повеќе од 300 учесници и со тоа ги најавивме предавачите и темите за овогодинешната – 10-та конференција за човечки ресурси која ќе се одржи на 31-ви мај во Александар Палас на тема: From HR to RH - Respect for Humanity.
За крај, го најавивме виртуелниот саем кој ќе се случи во октомври преку кој компаниите ќе можат да го презентираат својот успех, понудата за вработување, искуствата на своите вработени и многу други работи кои ќе им овозможат да го зајакнат својот имиџ на пазарот на трудот.
И на самиот крај, ги изненадивме присутните со лотарија преку која беа доделени следните награди:
- Ваучер во износ од 600 евра за користење на продуктот посредување со тестирање
- Ваучер во износ од 400 евра за користење на продуктот Employer Branding
- Влезница за HR конферецијата на тема From HR to RH
- Ваучер за двајца во хотелот Garden Spa
Тимот на Vrabotuvanje.com