Најранливи се децата до 12 години и жените, додека мажите поретко го имаат овој проблем
Одење на подолго патување за оние склони кон гадење во текот на возењето може да биде стресно и непријатно искуство.
Нервоза, вртоглавица, повраќање, мачнина во желудникот може да го уништат секое патување, но благодарение на природните и други препарати овие несакани ефекти можат да се спречат.
Многу родители не сакаат најмладите да бидат изложени на ”непотребни“ лекови уште од рана возраст, па затоа се свртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за гадењето најдобро е да се посегне за ѓумбир.
Исечете малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување.
Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло или еукалиптус на марамче и повремено вдишувајте за време на возењето.
Држете ги очите затворени и ставете очила за сонце, задолжително избегнувајте читање и седете во правец на движење на возилото. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, поточно, да бидете фокусирани и да не правите ненадејни движења со главата.