Бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година
Словенија ги отвора вратите за странците така што го зголемува бројот на работни дозволи.
Според Бирото за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година.
Словенечките организации на работодавачи очекуваат од владата да ги забрза мерките за справување со овој проблем и да изготви стратегија за промовирање на економската миграција.
Генералниот секретар на Здружението на работодавачи на Словенија (ЗДС), Јоже Смоле, вели дека вработувањето на странски работници е еден од клучните начини за решавање на ова прашање.
Инаку ситуацијата со недостатокот на квалификувана работна сила во Словенија се влошува и изгледа пострашно отколку за време на кризата во 2008 година.
Како што пренесува агенцијата CTA, во изминатите шест месеци скоро 50 отсто од работодавачите се соочиле со недостаток на кадри, при што големите компании во тоа имаат удел од 70 проценти.
Според податоците од Бирото за вработување, недостатокот е најизразен во угостителството со дефицит од 69 отсто, а потоа следуваат секторите градежништво (62 отсто), социјална и здравствена заштита (62 отсто) и преработувачка индустрија (56 отсто).