Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на запленети предмети по пат на јавна аукција која ќе се одржи на 31. мај, годинава, но и во слободна продажба. На продажба се нудат станови, земјиште, автомобили, телевизори, компјутери и други машини и предмети.
Така, автомобил Хјундаи купе од 2004 година се продава за 200.000 денари, Алфа Ромео од 2004 година се продава за 144.000 денари, Фолксваген пасат од 2012 година се продава за 920.000 денари...
Пакет од 20 различни телевизори се нуди за вкупна цена од 123.000 денари.
Целата листа на предметите наменети за продажба ТУКА.
emagazin.mk