Компанија за луксузни одмори е во потрага по семејство кое ќе оди на три одмори со all-inclusive услуга.
Единствената задача е да ги оцените одморалиштата и активностите додека сте таму, а ќе имате дури и џепарлак од 500 фунти за трошење додека сте таму, пренесува британски Mirror.
Оваа работа од соништата ја нуди Club Med, компанија за луксузни одмори од САД.
За аплицирање потребно е да ја споделите вашата омилена фотографија од некој семеен одмор на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #ultimatefamilyjob и да ги означите @ClubMed на Instagram или @ClubMedUK на Facebook или Twitter.
Ако победите, тие ќе ве контактираат и ќе ве известат кои се трите дестинации кои ќе треба да ги посетите заедно со вашето семејство.
Па, звучи како вистинска работа од соништата за вас и вашето семејство, зарем не?