Ако мислевте дека е доволно да ги измиете рацете со антибактериски гел за суво миење на раце и така да се заштитите од вируси, сте се излажале.
Дефинитивно е подобро да ги миете рацете со антибактериски гел за суво миење отколку воопшто да не ги миете, но да знаете дека тој не ве заштитува премногу од вируси и грип.
Научниците од Универзитетот во Кјото откриле дека вирусот кој влегува во вашите раце со кивање, да речеме, дури и две минути откако ќе ги измиете рацете со ова средство, останува жив.
Волонтерите кои учествуваа во истражувањето им дозволија на научниците да им нанесат на рацете вирус грип, а потоа со средство за суво миење на раце да ги тријат рацете четири минути, за да се ослободат од вирусот. Како што рековме, и по две минути триење раце, вирусот и понатаму беше таму, а беа потребни четири минути за да исчезне.
Експертите објаснуваат дека повеќето антибактериски гелови за суво миење содржат некаква форма на алкохол и антибиотик – антибиотиците ги убиваат бактериите, но се бескорисни кога станува збор за вируси. Алкохолот, од друга страна, убива вируси, но само во одредени околности.
Имено, рацете треба да бидат целосно суви за алкохолот да делува, а факт е дека вирусите најчесто се шират преку капки – кога некое лице кива, кашла или зборува, што го намалува ефектот на гелот за суво миење на раце.
Научниците советуваат да ги миете рацете со топла вода и антибактериски сапун и темелно да ги триете рацете најмалку 30 секунди, за да го убиете вирусот.
Со оглед на тоа дека наскоро ни пристигнува и постудено време кога има и повеќе вируси, би требало да го послушате овој совет.