Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 166/2019
за вработување на 16 државни службеници од група I, подгрупа I во Собрание на Република Северна Македонија за следните работни места
1. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор - Кабинет на Претседателот на Собранието
2. УПР0101В04000 Помлад соработник за поддршка на работата на пратеничка група, Одделение за поддршка на работата на пратеничките групи, Сектор на генералниот секретар
3. УПР0101Б03000 Помошник раководител на Законодавно-правниот сектор
4. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за подготовка на текстови на закони, други акти и амандмани кои ги предлагаат пратениците, Законодавно-правен сектор
5. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за архивско работење и општи работи, Сектор за административни работи
6. УПР0101В04000 Помлад соработник за инвестиционо и тековно одржување на објектот, Одделение за инвестиционо и тековно одржување, Сектор за административни работи
7. УПР0101В01000 Советник за развој на апликативен софтвер, Одделение за апликативен развој, Сектор за информатички и комуникациски технологии
8. УПР0101Б04000 Раководител на oдделение за правни анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица - Парламентарен институт
9. УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по современи политички системи, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица-Парламентарен институт
10. УПР0101В01000 Советник-истражувач и аналитичар по демократија и владеење на правото, Одделение за општи анализи и истражувања, Сектор за општи анализи, истражувања и евроинтеграции, Посебна организациона единица-Парламентарен институт
11. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица-Парламентарен институт
12. УПР0101В01000 Советник за ИКТ, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица - Парламентарен институт
13. УПР0101В03000 Соработник за административна поддршка, Одделение за истражувачка библиотека и законодавна архива, Сектор за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива, Посебна организациона единица-Парламентарен институт
14. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за седници на Собранието
15. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за подготвување на седници на Собранието, Сектор за седници на Собранието
За повеќе информации за конкурсот, посетете ги следниот линк.