Ова се народните верувања, односно значења кога ви трепери очниот капак или што би рекол народот кога ви игра окото.
Треперењето на окото, медицински познато и како Блефароспазам или Миокимија е присилно треперење на очниот капак. Исто така се споменува и како грч на очниот мускул. Поимот Блефароспазам всушност важи и за било кое друго неправилно треперење или присилно трзање на очниот капак и неконтролирани контракции на мускулите на очниот капак.
Некои луѓе доживуваат треперење во долниот дел од окото, а другите на горниот капак. Треперењето е честа појава, и може да се случи и на двете очи.
Суеверијата поврзани со треперењето на окото се познати во многу култури, а голем број луѓе и денес веруваат во нив. Додека (повеќето) луѓе на Балканот веруваат дека треперењето на левото око значи лоша среќа, повеќе од милијарда луѓе во Кина веруваат дека тоа е знак на добра среќа.
Кинеска верзија
Додека треперењето на левото око значи среќа, треперењето на десното се смета за лош знак. Во случајот кај жените, ситуацијата е обратна. Треперењето на десното око значи среќа, а на левото лош знак. Исто така се верува дека треперењето на долниот лев капак може да значи дека ќе заплачете или дека некој ве озборува.
Индиска верзија
Во Индија е обратно од Кина. Десно око – добри вести. Лево око – лоша среќа.
Верзии во делови од Африка
Во некои делови од Африка, треперењето на долниот капак значи плачење, а горниот капак е знак на неочекувана средба.
Хавајска верзија
На Хаваите, треперењето сигнализира доаѓање на странец. Освен тоа, постојат и други верзии кои велат дека доколку ви трепери левото око тогаш тоа може да значи уништување на семејството.