Дознајте повеќе за компанијата, разговарајте со некој од нивниот тим и аплицирајте за некоја од отворените позиции на штандот на Виртуелни денови за вработување
Teleperformance е глобална компанија која има за цел да изгради мост помеѓу најпрепознатливите брендови на планетата и нивните клиенти. Со над 300 илјади вработени ширум светот и активности на 160 развиени пазари, Teleperformance е првиот избор на секоја компанија чијшто бизнис се темели на дигиталниот свет.
Ако барате само обична работа, ова не е место за вас. Но, ако сакате да бидете опкружени со луѓе кои ви веруваат, ве инспирираат и со кои секој ден станувате се подобри и подобри, тогаш дефинитивно треба да размислите за кариера во Teleperformance. Тие се посветени но толерантни, одговорни но флексибилни и најважно од се, веруваат дека секој може да го даде најдоброто од себе и да направи разлика, ако му се даде шанса.
Teleperformance нуди несебична поддршка за сите членови од својот тим. Нивниот досегашен успех го препишуваат на вработените и затоа нивното задоволство им е на прво место.
Teleperformance нуди одлична бенефициска програма, професионални обуки, стабилна работа во број 1 компанија од индустријата, германски услови за работа во ултра модерни канцеларии во центарот на Скопје, атрактивна фиксна плата и бонуси за продуктивност, работа под германски раководители и можност за станете еден од нив.
Дознајте повеќе за компанијата, разговарајте со некој од нивниот тим и аплицирајте за некоја од отворените позиции на штандот на Виртуелни денови за вработување, на ЛИНКОТ.