Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електроника ќе се извезуваат од фабриката на швајцарски “Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик
Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери.
Сопственикот на групацијата Оливер Вице истакна дека нудат вештини за висока технологија, интересни работни места и одлични услови за работа.
Во првата фаза на изградба компанијата се фокусира на производство и производствен инженеринг. Во следната фаза на проширување се планираат тимови за развој на нови производи составени од инженери за хардвер и софтвер како и специјалисти за ИТ, информираше Вице.
Стартувале со локален тим од искусни професионалци кои во иднина ќе го проширрат со едукација на мотивирани млади инженери и кавлификувани работници.
Во првата фаза на изградба од вкупно 19 илјади метри кавдартни површина, изграден е капацитет од четири илјади метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство, а 600 метри кавдартни за развоен центар и администратевиен простор.
„Баумер“ е една од водечките компании за изработка на сензори и сензорски решенија за автоматизација на процеси. Фабриката во Бунарџик е нивен 39-ти капацитет во 20 држави.
Огласите за вработување во “Баумер“ ќе може да ги следите на www.vrabotuvanje.com.mk
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!