Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македнонија“ бр.101/19), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст, по што им продолжува работниот однос со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно закон.
2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
- да се државјани на Република Северна Македонија;
- да се полнолетни и
- да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
- да имаат завршено средно образование;
- да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
- да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.
4. Платата изнесува од 22.059,00 денари до 25.574,00 денари.