Во вториот квартал од „МојДДВ“ кој стартуваше на 01.10.2019 заклучно со 14.11.2019 скенирани се 12,935,870 сметки, од нив е остварен промет 6,221,525,720 денари и вкупен ДДВ од 673,875,484 ден.
Поврат 15 % од ДДВ кај граѓаните е во износ од 101,081,323 ден или 1,644,000 евра.
Од 1 јули 2019 до 14 ноември 2019 година, вкупниот поврат кај граѓаните изнесува 5 милиони евра, пари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки кај граѓаните.