Се очекува да ја добиваат помеѓу 1.2 и 1.5 милиони пензионери!
По неколкумесечна неизвесност, владејачката коалиција во Германија постигна договор за воведување на основна пензија.
Новиот договор предвидува исплаќање на додаток за примателите на пониски пензии. За да се утврди кој се ќе добие ваква пензија, ќе се проверуваат приходите, но не и имотот.
“Пресековме голем јазол“, изјави претседателката на ЦДУ, Анагрет Крамп-Каренбауер во Берлин. Таа го објави договорот заедно со ВД претседателката на СПД, Малу Дрејер и шефот на ЦСУ, Маркус Зедер.
Кој ќе добие минимална пензија?
Лицата кои уплаќале придонеси најмалку 35 години, но и покрај тоа имаат ниски пензии, од државата ќе добијат пензиски додаток. Ваква финансиска помош ќе добијат и самците доколку нивната пензија е помала од 1.250 евра, како и двојките чии пензии се помаи од 1.950 евра.
Анализите покажуваат дека пензиски додаток ќе добиваат од 1.2 до 1.5 милиони пензионери, а тоа ќе ја чини државната каса од 1 до 1.5 милијарди евра.
Пензискиот додаток треба да почне да се исплаќа од 2021 година.
И досега во Германија постоеше финансиски додаток наменет за лицата со ниски пензии, но тоа беше социјалната помош која ја исплаќаше социјалната служба.
Просечниот износ на додатокот беше 796 евра.