Од средата, патниците кои ги користат услугите на Хрватски Железници имаат право на паричен надомест доколку возот доцни од 60 до 119 минути.
Надоместот изнесува 25 проценти од цената на билетот, а крајниот рок за исплата е еден месец откако патникот ќе поднесе барање.
Наместо надомест за доцнење, патниците исто така ќе можат да одберат ваучер за патување во вредност од надоместокот, стои на официјалната веб страна на Хрватски Железници.
Новото правило доаѓа откако стапи на сила Регулативата на Европскиот парламент и Совет за правата и обврските на патниците во железничкиот транспорт. Според него, патниците имаат право на надомест во вредност од 25 проценти од цената на билетот за доцнење од 60 до 119 минути, а ако возот не пристигне за 120 минути, им следува надомест од 50 проценти.
За да го искористат ова право, патниците треба да достават оригинален билет заверен од вработените во возот или од благајникот и да го испратат заедно со своето барање на адресата на Хрватски Железници.