Започнете ја новата работна недела на вистинскиот начин - со преглед на најатрактивните огласи за вработување позади кои може да се крие вашата работа од соништата!
ODW ELEKTRIK, глобален производител на кабли за автомобилска индустрија, основан во Steinau, Германија, во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има околу 3.000 вработени. За во своето претставништво во Македонија, компанијата има потреба од Инженери во производство без работно искуство кои со текот на времето ќе имаат можност да прераснат во идни лидери и раководители. Добредојдени се да аплицираат дипломирани инженери на машински, електро, мехатроника, рботоика или било кој друг технички факултет (технолошки, хемиски, физика, итн.) и апсолвенти на соодветните факултети што се заинтересирани да започнат со работа веднаш и да ги довршат своите испити во текот на првите неколку месеци од својот ангажман.
Францускиот бренд Mr. Bricolage го проширува тимот во својот маркет во Скопје и вработува Продавачи. Компанијата нуди пријатна работна атмосфера, работа во две смени со 2 слободни дена во седмицата согласно закон, редовен работен однос и солидни примања, можност за бонуси, како и можност за напредување и усовршување.
Сакаш да заработуваш плата до 120.000 денари? Телемаркетинг Сервис е компанија за професионални услуги за маркетинг на дијалог во областите на телемаркетинг, излезни и влезни телефонски разговори и консултации, која во своите претставништва во Ресен, Скопје и Тетово вработува 50 Маркетинг агенти (м/ж) со италијански и германски јазик. Покрај одличните плати, компанијата нуди и можност за големи бонуси, 8-часовно работно време од понеделник до петок со пауза за ручек (1 час) и по 10 минути пауза на секој работен час и прекрасни услови за работа.
AVON, светски лидер во козметичката индустрија, со речиси 130 години искуство во директна продажба во над 100 земји ширум светот и компанија која се залага за економска еднаквост на жените ви нуди можност да станете дел од менаџерскиот тим на AVON Македонија! Доколку сте подготвени да го развивате својот бизнис заедно со AVON, испратете ја вашата кратка биографија на огласот за Регионален менаџер и уживајте во одличните бенефиции кои компанијата ги нуди: флексибилно работно време, атрактивен пакет за заработка, дополнителни стимулирачки бонуси на секои 2 месеци, наградувања и патувања до егзотични дестинации (целосно покриени од AVON), службен автомобил и телефон и бројни можности за развој и едукација преку менаџерски обуки.
Макстил АД Скопје, еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони, во моментов во рамки на својот тим вработува 10 Машински и електро техничари и 10 Оператори на постројки во производство. Доколку сакате да станете дел од компанија која нуди конкурентна плата, динамично опкружување со можност за учење, развој и напредок и позитивна работна средина, испратете го вашето CV не подоцна од 20 декември 2019 година.
Skopje East Gate, дел од “Балфин“ групацијата која го гради најмодерниот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк на површина од 152.000 квадратни метри, поради проширување на одделот за финансии е во потрага по искусни, амбициозни, аналитични и проактивни кандидати за следните работни места: Менаџер за финансиско известување и Финансиски контролор.
Sport Life, за потребите на Bet02 – интернационална софтверска компанија фокусирана на развој на современи решенија и иновативни производи и услуги за “Gaming“ индустријата е во потрага по следните профили: Инженер за квалитет на софтвер, Сениор програмер / Тим лидер и Проектен менаџер.
VAN HOOL Македонија, реномиран белгиски производител на автобуси во своето претставништво во индустриската зона Скопје 2 има потреба од нови вработувања на неколку отворени позиции: Continuous Improvement Engineer и Работници за производство во фарбара.
Киел Групацијата – еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила со претставништва во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и тим со околу 1.200 вработени, во својата нова фабрика во с. Желино (Тетово) вработува на следните работни места: Production and Logistics manager, Кројач, Магационер, Шивач и Тапацер на системи на седишта.
Доколку се гледате себеси во динамична и перспективна компанија каде ќе имате можност да градите односи со клиентите втемелени на доверба, интегритет и професионализам, станете Консултант за продажба на осигурување во Еуролинк Осигурување АД Скопје! Огласот важи за градовите Скопје, Гевгелија и Битола. А ако немате работно искуство компанијата ви нуди можност да станете дел од тимот како Практикант во следните градови: Штип, Куманово, Кочани, Струмица, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Свети Николе.
Не успеавте да пронајдете нешто за себе? Над 350 активни огласи ве чекаат тука.