Секому, барем еднаш во животот му се случило да го изгуби својот мобилен телефон и да не може да го најде. Исто така се случува и некогаш вашиот телефон да ви го украдат. Додека трае потрагата, постојат неколку совети кои ќе ви овозможат побрзо да го најдете вашиот уред.
Поголемиот дел од луѓето користат Android телефони кои се поврзани со Google е-маил. Google на своите корисници им дава можност да го најдат својот уред преку опцијата Find my device.
Сè што е потребно е во подесувањето на вашиот мобилен телефон да ја вклучите опцијата find my device и потоа на адресата google.com/android/find да тестирате дали Google го наоѓа вашиот мобилен телефон по пат на било кој пребарувач.
Доколку сте направиле сè како што треба тогаш телефонот може да го лоцирате преку Google map па дури и да го следите неговото движење доколку на пример сте го заборавиле во некое возило или пак некој ви го украл.
Кога ќе дојдете до локацијата каде што е вашиот телефон, но и понатаму не гледате каде се наоѓа тогаш може да го пуштите да ѕвони преку опцијата play sound од вашиот веб пребарувач. Телефонот ќе ѕвони најгласно што е можно па дури и доколку ви е ставен на silent mode.
Како уште еден вид заштита е тоа што Google ви дозволува веднаш да поставите шифра на вашиот телефон. Оваа едноставна шифра која сами си ја бирате ја поставувате во опцијата secure device. На тој начин, личноста која ви го украла вашиот телефон нема да може да го отклучи ниту пак да го исклучи.