На тој начин, таа вели, луѓето би можеле да живеат поквалитетно поминувајќи повеќе време со своите семејства.
Сана Марин која до неодамна ја извршуваше функцијата министер за транспорт во Финска, од изминатата недела стана најмлада премиерка во историјата на земјата. Всушност, со ова таа стана најмладата актуелна премиерка во светот.
Нејзината идеја за четиридневна работна недела со шест работни часови дневно е се’ уште жешка тема во земјата откако таа за прв пат зборуваше за ова во август оваа година.
Со оглед на тоа што се‘ повеќе компании настојуваат да ја зголемат продуктивноста на вработените без да ја нарушат рамнотежата “работа-живот“, идејата за пократка работна недела станува се почеста. Така на пример, земјите во Европската унија се особено познати по работни култури кои се прилагодени кон семејството и семејниот живот, а Финска ни малку не се разликува од нив.
Четиридневна работна недела, шестчасовен работен ден. Зошто не може да биде следниот чекор? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство, со оние што ги сакаат, да имаат време за хоби и други аспекти на животот, како што се култура. Може да биде следниот чекор за нас и нашите работни животи, изјави таа.
Некои меѓународни компании како “Мајкрософт“ во Јапонија веќе имплементираа скратени работни недели со четиридневна работна недела и петчасовен работен ден. Установено е дека оваа пракса не само што ги тера вработените да поминуваат повеќе време со своите семејства или да се занимаваат со некое хоби, туку и ја зголемуваат нивната продуктивност.
И додека овие индивидулани примери се покажале како погодни за одделни компании, вистинските придобивки за целокупната економија ќе се видат со текот на времето кога се поголем број компании ќе се адаптираат на новиот тренд.