Поручникот на АРМ Александра Бошковска по вчерашното преземање на должноста командир на првата чета во првиот механизиран пешадиски баталјон во Куманово, стана прва припадничка во досегашната историја на АРМ која ќе командува со единица во чија мисија е извршување и борбени задачи.
Од АРМ информираат дека придржувајќи се до Програмата за еднакви можности на мажите и жените во Министерството за одбрана и АРМ, бројот на припаднички на АРМ постојано се зголемува достигнувајќи го сегашното ниво од речиси девет отсто од севкупниот состав на АРМ. Од вкупниот офицерски кадар на АРМ, 13,73 отсто се жени.
Во АРМ две жени имаат офицерски чин – полковник, а поголем број се со чинови потполковници и мајори.
Возењето со недостаток на напумпани гуми зимно време значително го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи поврзани со состојбата на гумите, покажаа истражувањата. Исправно напумпаните гуми не само што овозможуваат подобра контрола на снег, туку ја намалуваат потрошувачката на гориво и го продолжуваат векот на гумите.
Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m 2 ). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
Еден од најтешките периоди за индустријата се приближува кон крајот и се очекува цените на маслиновото масло во следните месеци да се намалат на половина од својот историски максимум, според најавите.
Иако звучи по малку парадоксално, но Грците од северот на нивната држава веќе доаѓаат на грчко гиро во Битола. Познат угостител од Лерин, кај кого битолчани чекаат редици за да јадат гиро и други грчки специјалитети кога одеа на шопинг или прошетка во Лерин, сега отвори свој угостителски дуќан во новиот трговски центар „Блис“ на излезот од Битола на страната кон Прилеп.
Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде