И покрај се поголемите сомнежи за забаување на најсилната економија во Европа, германските железници очајно бараат персонал!
Според сегашните проценки, компанијата ќе треба да замени дури половина од своите 200.000 вработени во текот на следните пет години, пренесува Билд.
Мартин Сеилер, шеф на човечки ресурси на Германските железници, објасни дека до крајот на 2019 година компанијата треба да вработи дури 24.000 нови вработени.
Менаџментот очекува ист број на новодојденци и следната година. Германските железници моментално бараат машиновозачи, услужен и ИТ персонал, како и градежни и електро инженери.
Машиновозачите во просек зарабтуваат годишни плати од 38.000 евра, но некогаш таа сума знае да достигне и 50.000 евра.
Приходите на кондуктерите се движат од 34.000 до 46.000 евра годишно, додека вработените во железничките ресторани заработуваат помеѓу 33.000 и 37.000 евра годишно.
Персоналот за кориснички услуги заработува годишен приход од 34.000 до 46.000 евра, а патничките советници и продавачите на билети можат да заработат околу 39.000 годишно.
Градежните работници на пруга просечно уновчуваат до 42.000 евра годишно, а нивната плата зависи од работното искуство и надоместокот за работа на празници, недела и ноќни смени.
Техничарите за контрола и безбедност заработуваат највисока годишна плата која може да достигне до 52.000 евра, а околу тој износ се движи и заработката на диспечерите задолжени за контрола на железничката рута.